Онлајн услуги за лекторирање и уредување на англиски документи

Потребен ви е беспрекорен англиски текст?

ProofreadingServices.com е тука да ви помогне. Ние сме водечки онлајн сервис за лекторирање и уредување на англиски документи. Соработуваме со академици, бизниси, и автори од над 90 држави. Доколку ви е потребно академско лекторирање, бизнис лекторирање, лекторирање на книжевен ракопис, или уредување на вашето лично резиме, нашите наградувани лектори се секогаш подготвени да ви излезат во пресрет.

[Ве интересираат нашите цени? Побарајте бесплатна проценка.]

Од квалитетот на вашиот труд зависи како ќе ве третираат во секоја професионална или академска средина. Поседувањето документи напишани на точен англиски јазик придонесува за подобрување на вашиот статус, каде и да сте. Нашите стручни лектори можат да ја откријат секоја грешка во граматиката, правописот, форматирањето, изборот на зборови, структурата на реченицата, и други аспекти. Наша цел е вашите англиски трудови да ви помогнат да се здобиете со почитта што ја заслужувате.

Дали сме вистинскиот избор за вашите лекторски и уредувачки потреби?

Замислете си дека сте потрошиле безброј часови пишувајќи англиска статија која сакате да ја испратите на некој водечки академски весник. Не сакате да се посрамотите пред вашите колеги, па оттаму потребата од беспрекорен текст. Времето е немилосрдно - имате уште 48 часа да ја испратите статијата. Потребна ви е помош, и тоа веднаш.

На сите нас ни е јасно колку оваа ситуација може да биде стресна - од лични искуства. Затоа и се погриживме нашите услуги да се максимално практични и брзи. Сакате да ви го вратиме документот за ден-два? Нема проблем. За само неколку часа? И тоа го можеме.

Испратете ни го вашиот документ и опуштете се. Ние ќе се погрижиме за останатото.

[Побарајте лекторски и уредувачки услуги овде.]

Белешка: Нудиме и преведувачки услуги. Разгледајте ги нашите преведувачки услуги овде.

Колку стручни се нашите лектори?

Нашите искусни лектори и уредници потекнуваат од земји со мајчин англиски јазик. Имаат искуство во стручно пишување, уредување, и лекторирање. Голем дел се пензионирани професори по англиски јазик и природни науки кои со години пишувале статии за водечките академски весници. Секој член на нашиот тим мора да положи низа ригорозни тестови по лекторирање и уредување пред да ни се придружи. Построги сме и од Универзитетот Харвард - вработуваме само еден од 300 кандидати со лекторско искуство. Нашите лектори се најдобри во својата дејност, и точно знаат како да го направат вашиот текст беспрекорен.

Сакате бесплатен примерок од нашите лекторски трудови?

Ве разбираме доколку живеете на илјадници километри од нашата канцеларија во Соединетите Американски Држави, и сакате да видите дел од она што го работиме пред да платите за нашите услуги. Побарајте бесплатен примерок и дознајте како нашите лектори можат да ви помогнат:

[Добијте бесплатен примерок од лекториран документ.]

Белешка: Останатиот дел од веб-сајтот е на англиски јазик. Сепак, ние сме англиски лектори!

Дали сте подготвени да соработувате со нашите лектори и уредници?

[Побарајте ги нашите услуги веднаш.]