Преводи на книги од македонски на англиски јазик
ProofreadingServices.com врши преводи на фикција и нефикција од македонски на англиски јазик, помагајќи им на писателите да се стекнат со нови читатели, но и да продадат повеќе книги. Нашите преводи се целосно извршени од страна на професионалци – никогаш компјутерски. Ни претставува гордост што секогаш ви испорачуваме веродостојни преводи на вашите дела, истовремено зачувувајќи ги вашиот писателски тон и стил.
Исконтактирајте нѐ за нашите цени.
Зошто да ја преведете вашата книга од македонски на англиски јазик?
Сте вложиле повеќемесечен или годишен труд пишувајќи ја вашата книга. Зошто да се ограничите со тоа што ќе ја издадете само на македонски јазик? Најлесен начин да допрете до милијарди луѓе кои не говорат македонски е да го преведете вашето дело на англиски јазик. Избирајќи професионален англиски превод, вие не само што ќе го зголемите бројот на вашите читатели, туку и бројот на продадени копии.
Какви преведувачки услуги ви нудиме?
Ние ви нудиме преводи од македонски на американски англиски или британски англиски јазик, со посебна лектура од страна на нашиот англиски тим. Додека останатите само би ја превеле вашата книга, ние дополнително назначуваме англиски експерт кој внимателно ги искоренува сите несоодветни фрази и постоечки грешки. За потсетување, нашите почетоци се во областа на лекторските услуги, па така нашиот тим се состои од најдобрите англиски лектори во светски рамки.
Какви манускрипти преведуваме?
Вршиме преводи на романи, нефикција, книги за деца, и многу други видови на книги напишани од писатели ширум светот. Се специјализираме во:
- Литература, вклучувајќи научна фантастика, мистерии, романтични новели, и историска фикција.
- Академски книги, вклучувајќи манускрипти во доменот на филозофијата, историјата, науката, и други области.
- Бизнис книги, вклучувајќи е-книги за продуктивност, книги за поттикнување на лидерски вештини, и други области.
Имаме работено со илјадници клиенти чии книги опфаќаат најразновидни жанрови и теми – од фикција за млади, до мемоари. Од книги за готвење, до книги за политички науки, технологија, и уметност. Накратко кажано, многуте години искуство во комбинација со развиената мрежа од јазични експерти се гаранција дека можете да сметате на нас да преведеме и лекторираме книги напишани на речиси секој јазик и на која било тема.
Зошто да ги изберете нашите преведувачи за вашата книга?
Нашата компанија секогаш ги доделува преводите на стручни преведувачи. Вие заслужувате искусен стручен преведувач кој ќе направи многу повеќе од „буквален превод“, ќе ги почитува конвенциите во вашиот жанр, и ќе ги зачува нијансите на вашиот писателски тон и стил.
Благодарение на нас, сега е лесно писателите ширум светот да соработуваат со врвни преведувачи и англиски лектори. Независно дали живеете во Скопје, Битола, Куманово, или кое било друго место, нашите преводи од македонски на англиски јазик, со дополнителна лектура, ви ги отвораат портите кон повеќе читатели кои ќе ги купуваат вашите дела и ќе уживаат во нив. Целосно сме посветени кон тоа да ви овозможиме висококвалитетни преведувачки услуги, фантастична корисничка поддршка и пристапни цени, истовремено гарантирајќи дека ќе бидете презадоволни од нашата работа.