Професионални онлајн преведувачки услуги
ProofreadingServices.com ви нуди професионални преведувачки услуги од македонски на англиски јазик, од англиски на македонски јазик, и многу други јазични комбинации. И покрај тоа што сме добро познати по нашите англиски лекторски услуги за академици, баратели на работа, бизнисмени, и писатели ширум светот, ние продолжуваме со посветеноста кон исклучителен квалитет, фантастична корисничка поддршка, и достапни цени.
Исконтактирајте нѐ за нашите цени.
Што ви нудиме?
Дали сакате да објавите статија во англиски весник, да издадете дело во држава од англиското говорно подрачје, или нешто сосема различно? Ние ви нудиме преводи од македонски на англиски јазик, со посебно лекторирање од страна на нашите англиски лектори.
Дали сакате важата содржина да биде достапна за милијарди луѓе ширум светот кои не говорат англиски? Ние ви нудиме преводи од англиски на синхалски, каталонски, и други јазици.
Се специјализираме во:
- Академски преводи. Дозволете му на нашиот тим да ги преведе вашите академски статии, истражувања, дисертации, и тези, од англиски јазик, или на англиски јазик, за да можете полесно да ги издадете вашите дела и да го проширите влијанието на вашата работа.
- Бизнис преводи. Преведување на веб страната, блогот, маркетиншкиот материјал, и останатите содржини, е од клучна важност за растот и заработката на вашата компанија.
- Книжевни преводи. Сте вложиле огромен труд во вашата творба, независно дали е роман, мемоар, или сценарио. Со помош на нашите професионални преведувачки услуги, можете да очекувате драстично зголемување на бројот на верни читатели, но и пристап до публика која ќе ужива во вашите дела на глобално ниво.
ProofreadingServices.com се состои од тим јазични експерти кој има преведено илјадници документи за нашите задоволни клиенти од Скопје, Битола, Куманово, но и во светски рамки. За разлика од останатите компании на пазарот, ние ви нудиме лекторирање на вашите завршени англиски преводи со цел да ве претставиме како личност на која англискиот ѝ е мајчин јазик.
Кои сме ние?
Нашите преведувачи го имаат потребното знаење и искуство за целосно преведување на вашите дела, истовремено зачувувајќи го вашиот тон и стил. Македонските преведувачи со кои располагаме се специјализираат во најразлични теми – од религија, па сѐ до хемија. Вашиот проект секогаш ќе му биде доделен на преведувач кој е добро запознаен со тематиката. Независно дали ви е потребен превод на мемоар, статија, или лабораториски извештај, на англиски јазик, или од англиски јазик, бидете сигурни дека нашиот тим македонски преведувачи ќе ви достави завршен документ од исклучителен квалитет.
Зошто да нѐ изберете нас?
Благодарение на ProofreadingServices.com, сега е лесно писателите ширум светот да се поврзат со врвни преведувачи и англиски лектори. Со помош на нашите достапни и веродостојни преведувачки услуги за бизниси, академици, и автори, можете да пристапите до нови читатели и да се пробиете на меѓународниот пазар, независно од јазикот или темата. Се гордееме со исклучително високиот стандард поставен од страна на нашите преведувачи и ви гарантираме дека ќе бидете презадоволни од нашата работа.